Раскошен и разнолик ликовен опус кој го разоткрива ставот на Вангел Коџоман во оваа повторна средба на неговите дела и публиката дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија.
Вангел Коџоман има значајна улога со својот карактеристичен ликовен стил, богат колорит и инспирацијата од македонскиот фолклор.
Пред се неговата љубов кон македонскиот амбиент и кон македонската архитектура. Значи препознатлив е посебно по третманот на струшката чаршија, на скопската чаршија со карактеристичен ликовен пристап, јасен цртеж, богат колорит. Со силен експресионистички израз, со фовистички набој, изјави директорката на националната галерија маја неделковска-брзанова.
Вангел Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност. Најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела
Кога ние ќе го погледнеме неговото творештво не можеме да најдеме некоја тема за која тој не се зафатил да ја обработи. Ова го велам што од причина кога ќе се погледне неговото творештво во сликите може да се забележи присуство на сите теми од нашето секојдневие, реле кураторот на изложбата александра зиновски-вилиќ.
Добитник на бројни награди и признанија и еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, редовен член на МАНУ од 1981. Во 1974 во неговиот роден град Струга е отворена Спомен куќа со постојана ликовна поставка. Делата на Вангел Коџоман ќе бидат изложени во Даут пашиниот амам до 20 декември.
Нина Стефанова