Спорт Фудбал

Македонија со петтата победа по ред без примен гол ја заврши Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 1-0 против Фарски Острови ја заокружи  сезоната во Лигата на нации на УЕФА. За нашиот национален тим ова беше петта победа по ред без примен гол со што уште повеќе ги зголеми шансите да биде меѓу репрезентациите што ќе добијат шанса во баражот за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Македонија играше тешко против дефанзивниот противник, кој е единствениот тим што освои бод против нас и воедно единствениот што ја затресе нашата мрежа од пенал, кога во септември одигравме 1-1 во Торшавн.

На арената „Тодор Проески“ во Скопје, нашите фудбалери притискаа, но Фарски острови добро се бранеше. Клучниот момент на натпреварот дојде во 62.минута, кога гостинските дефанзивци ја направија единствената грешка, а нашиот голгетер Бојан Миовски беше тука да ја пласира топката во противничката мрежа. До крајот на натпреварот игравме тактички да го задржиме водството за нова победа.

Македонија завршува на 1.место во групата 4 со 16 бодови од можни 18 и гол-разлика 10-1, а тоа може да ни донесе и место во баражот за Мундијалот за две години. Ерменија е втора во групата со 7 бодови откако денеска славеше на гости кај Летонија со 1-2, а потоа следуваат Фарски Острови со шест бодови и Летонците имаат четири.

Во следното издание на Лигата на нации, нашиот тим ќе се натпреварува ранг погоре во Б-дивизијата. Сега Македонија ја чека и ждрепката за квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Фото: ФФМ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе