Вести Најважни Свет

Бајден и Трамп се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за транзицијата на власта

Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта. Јавноста очекуваше ова да биде непријатна средба, како за учесниците така и за сите кои ја проследија, но беше изненадувачки цивилизирана.

„Г-не избран претседател и поранешен претседател, Доналд, ти честитам и се надевам да имаме непречена транзиција. Правиме сѐ за да го испорачаме тоа што ви е потребно, и денеска ќе имаме можност да разговараме околу тоа. Добредојде, добредојде назад“ рече Џо Бајден – Претседател на САД.

Пред 4 години Трамп инсистираше дека изборите биле најголемиот грабеж во историјата, и направи сѐ за да го спречи Бајден да ја преземе функцијата од него. Уште во текот на тогашната предизборна кампањата почнаа да се наѕираат контурите на едно од најголемите политички ривалства, а тоа во следните 4 години само се продлабочи. Последен пат кога директно разговараа меѓу себе беше за време на најрано одржаната претседателска дебата во американската историја, која ќе остане запаметена како дебатата која го испрати Бајден во политичка пензија. Не поради настапот на Трамп, туку поради изданието на Бајден со кое на Американците кое само ги потврди сомнежите на милиони Американци дека е престар за да служи уште еден мандат.

„Политиката е тешка, и во многу случаи ова не е добар свет. Но, денеска е добар и многу го ценам тоа. Непречена транзиција, колку што може по непречена, и многу го ценам тоа. Ти благодарам“ изјави Доналд Трамп – Избран претседател на САД.

Трамп прв пат по речиси 4 години се врати во Белата куќа, но и оваа прилика не можеше да помине без мала драма. Со него не беше сопругата Меланија, затоа што, според американските медиуми, таа е лута на претседателот и првата дама Џил, сметајќи ги за одговорни за рацијата на ФБИ во нивниот дом во Мар А Лаго, во рамки на истрагата против нејзиниот сопруг за незаконско чување на доверливи документи.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе