Вести Свет

Пакистан воведе нови мерки по предупредувањето на ОН за смог

Пакистан денеска воведе нови мерки за контрола на токсичниот смог по предупредувањето на Обединетите нации дека повеќе од 11 милиони деца може да бидат изложени на ризик од инфекции на белите дробови.

Пакистанската влада нареди затворање на училиштата низ целата провинција Пенџаб, додека пазарите ќе бидат затворени во 20 часот, а сите јавни и приватни фирми се упатени да го намалат персоналот за половина, изјави регионалната министерка, Маријум Ауранџеб.

Владата на Пенџаб претходно во текот на ноември нареди затворање на училиштата во осум големи градови, како и затворање на одредени бизниси како што се фабриките за печење тули за да се контролираат емисиите на штетни гасови, потсети германската агенција.

Агенцијата на ОН за деца – УНИЦЕФ предупреди дека повеќе од 11 милиони деца под петгодишна возраст од регионот, кои дишеле од токсичниот воздух, може да бидат изложени на ризик од инфекции.

„Малите деца се најмногу погодени од загадениот воздух бидејќи имаат помали бели дробови и немаат имунитет што доаѓа со возраста“, се додава во соопштението на УНИЦЕФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе