„ Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени при инцидент во еквадорскиот затвор Литорал во Гвајакил“, соопшти денеска затворската агенција СНАИ.
Смртта и повредите се случиле за време на „сериозни инциденти меѓу“ затвореници, се вели во соопштението на агенцијата објавено на социјалните мрежи.
Стотици луѓе загинаа во затворите во Еквадор во последниве години, поради зголемениот криминал за кој се обвинуваат нарко бандите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.