Вести Свет

Лавров: Западот прво ја рекламираше, а сега ја уништува глобализацијата

Глобализацијата, која со години се рекламира, ја уништува самиот Запад поради незаконски санкции и злоупотреба на доларот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Самата глобализација, која со децении ни се рекламира како идеален начин на функционирање на светската економија, во суштина ја уништува самиот Запад. А глобалната економија се распарчува. Причината се незаконските санкции и злоупотребата на доларите, рече Лавров на завршниот настан на министерската конференција на форумот за партнерство Русија-Африка.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека на првата министерска конференција страните усвоиле заедничка изјава.

– Верувам дека направивме многу добра работа, усвоивме документи: наша заедничка изјава која содржи општи оценки за состојбите во светот, состојбата на работите … и во економската, социјалната, инвестициската, сферата на безбедноста и борбата против тероризмот, со нови предизвици и, се разбира, во културната, образовната и хуманитарната област, рече Лавров.

Според него, тие оценки биле проследени со конкретни договори во секоја од овие области, креирајќи насоки кои ќе бидат промовирани во блиска иднина, вклучително и како дел од подготовките за вториот настан, втората конференција на министерското партнерство „Русија-Африка“.

Лавров рече дека втората министерска конференција ќе се одржи во 2025 година.

Министерската конференција се одржува на 9 до 10 ноември на руската федерална територија Сириус, која се наоѓа во близина на Сочи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе