Вести Свет

Девет чамци со 572 луѓе пресретнати во Ла Манш

Девет чамци со 572 лица беа пресретнати додека го преминувале Ла Манш вчера, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Со ова вкупниот број на мигранти што пристигнале досега годинава достигна 32.691, што е за 22 проценти повеќе во однос на истото време минатата година (26.699), но сепак за 18 отсто помалку од регистрираните до ноември 2022 година (39.929).

Последните премини доаѓаат во време кога британскиот премиер Кир Стармер најави нова иницијатива за пресретнување на криминални банди кои шверцуваат мигранти низ Западен Балкан, како дел од напорите да се намали бројот на премини со мали бродови.

Стармер најави договори за зајакнување на размената на разузнавачки информации, експертизата и соработката со Србија, Северна Македонија и Косово на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе