Бобан Илиоски се пласираше во големото финале на Европското првенство во кик-бокс што се одржува во Атина, Грција.
Нашиот кикбоксер во лоу кик во категоријата под 86 килограми во денешното полуфинале го победи Гркот Филис Христос со нокаут во првата рунда.
Илиоски ќе го брани златниот медал освоен пред две години против Ерик Нивегловски од Полска.
За потсетување, Македонија од ова Европско првенство веќе има еден медал откако вчера со бронза се закити Стефан Михајловски.
Фото: Ипон.мк
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.