Најуспешниот македонски клуб „Д Стронгест“ се закити со вкупно 13 медали на АДЦЦ Јужноевропскиот шампионат што се одржа во Белград, Србија во текот на вчерашниот ден.
На ова првенство во „борење со предавање“ (submission grappling) нашиот клуб настапи со вкупно 12 натпреварувачи, кои се закитија со осум златни, еден сребрен и четири бронзени медали.
Златни медали во детска категорија освоија, Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов. Во јуниорска категорија Даниела Алексовска освои злато и ја победи светската АДЦЦ вицешампионка, а златно одличје освои и Марко Трајановски.
Во сениорска категорија на главниот настан, уште едно злато освои Даниела Алексовска, како и Стефан Пецевски.
Покрај нив сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали освоија Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.
“Д Стронгест” освои два пехари за трето место во детска и сениорска категорија.
Тимот составен од тренерите Алексовски Ивица и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач, Даниела Алексовска сега патува за Узбекистан каде што ќе биде дел од Светското IMMAF Првенство.