Фабричкиот Дукати доминираше утринава во Тајланд во рамки на Мото ГП. Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата во квалификациите, додека неговиот тимски колега Енеа Бастијанини беше најбрз на спринт трката.
Бањаја до пол-позицијата дојде со време од 1 минута, 28 секунди и 700 илјадитинки со што за прв пат постави време под минута и 29 секунди на Буририрам. Во првиот стартен ред на шампиоонот друштво ќе му прави Енеа Бастијанини и најголемиот ривал во битката за титулат Хорхе Мартин. Во вториот ред се Марко Бецеки, Марк Маркез и Фабио Квартараро, додека по нив следуваат Педро Акоста, Фабио ди Џанантонио и Алекс Маркез.
Во спринтот, Бастијанини дојде до победата пред Мартин и Бањаја. По најдобрите тројца следуваат браќата Маркез, Марк па Алекс, шести беше Франко Морбидели, а по него финишираа Бецеки и Џанантонио.
Мартин останува лидер во генералниот поредок со 433 бодови, додека Бањаја имаа 22 помалку, трет е Маркез со 82 бода помалку.
Трката за Големата награда на Тајланд утре стартува од 9 часот наутро по средноевропско време.