Ракометарите на Вардар вечерва од 20:45 часот го пречекуваат Порто во рамки на 3.коло од групата Ф во Европската лига на ЕХФ. Ова е можеби клучен натпревар за „црвено-црните“ во борбата за 2.место во групата и пласман во следната фаза. Најтрофејниот македонски тим има доста проблеми со повредени играчи, но пред домашната публика Вардар секогаш оди на победа.
„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на ЕЛ. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во ‘Јане Сандански’ и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, изјави Марио Танкоски на вчерашната прес-конференција.
РАКОМЕТ ЕВРОПСКА ЛИГА
3.КОЛО
ГРУПА Ф
ВАРДАР – ПОРТО (20:45 ЧАСОТ)
МЕЛСУНГЕН – ВАЛУР (20:45 ЧАСОТ)
Фото: Игор Паневски