Ракомет Спорт

Дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид ќе се игра во Мајами?

Ла Лига сака дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид од 18.коло, што е закажано за 22.декември годинава да се игра во Мајами, САД.

Челниците на шпанската лига се надеваат дека ФИФА ќе го одобри нивното барање, но можно тоа да не биде целосно одлука на Светската куќа на фудбалот.

Во 2019 година Барселона планираше да го игра натпреварот против Џирона во Мајами, но идејата беше стопирана од Шпанската фудбалска федерација и од Синдикатот на фудбалери во Шпанија.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ја подржува идејата натпревари од шпанската елита да се играат надвор од државата, бидејќи тоа ќе генерира повеќе пари.
Навивачите на Барселона секако нема да бидат среќни што нема да можат да го гледаат својот клуб, а истото важи и за фановите на Атлетико.

Шпанскиот Суперкуп изминативе неколку години традиционално се игра во Садиска Арабија во месец јануари, но Суперкупот е далеку понезначајно натпреварување од Ла Лига. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе