Останато Спорт

Алкалоид со максимален резултат во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп

ШК Алкалоид продолжи на Европскиот шаховски клупски куп со максимална победа од 6:0 против шампионот на Словачка, екипата „ŠK K Cero Invest Nitra“.

Велемајсторот Александар Инѓиќ, на шестата табла прв ја започна серијата победи на шахистите на Алкалоид, во средишницата ја искористи позиционата грешка на противникот и рутински го совлада на шестата табла Матришка Петер. Веднаш потоа, следеа победите на Еригаиси Ајрун и Ју Јангји, така да Алкалоид по само 2 часа и  половина поведе во мечот со 3:0.

На првата табла Велемајсторот Еригаиси Ајрун се реши за необично отварање, Игра на Дамин пешак, против Интермајсторот Филип Харинг. Многу брзо ја потврди разликата во класа, создавајќи голема предност со белите фигури по само петнаесетина потези, и рутинирано ја претвори во победа.

Во партијата на третата табла, противникот на Ју Јангји се обиде со рискантно, гамбитно отварање да го изненади, но кинескиот велемајстор се покажа подготвен и многу брзо се здоби со решавачка предност.

Велемајсторот Читамбарам со црни фигури, на четвртата табла, во остра позиција од Сицилијанската одбрана тактички го надмудри својот противник.

На петтата табла, Велемајсторот Нараунан со бели фигури во Шпанска партија, со позиционо маневрирање го надигра противникот и оствари победа.

Последен својата партија ја заврши Веи Ји, со сигурна игра и полека градејќи предност ја комплетира максималната победа на Алкалоид.

Во второто коло сите фаворити продолжија со високи победи, и во третото коло 18 екипи влегуваат со максимални 4 бода.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата “Beer Sheva Chess Club” од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп, и двете екипи веќе имале меѓусебни средби, со позитивен резултат на страната на Алкалоид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе