Останато Спорт

АЛКАЛОИД со убедлива победа на стартот на Европскиот шаховски клупски куп

ШК Алкалоид успешно стартуваше на Европскиот шаховски клупски куп, кој се игра во Врњачка Бања, Србија, од 20 до 26 Октомври, совладувајќи ја екипата „Vasa SK“ од Шведска со 5,5:0,5 поени.

Велемајсторот Еригаиси Ајрун, кој со 2797 рејтинг поени во моментов е трет играч на светската листа, на првата табла за екипата на Алклалоид, со црни фигури ја започна серијата и победи во мечот. Во многу остра, динамична борба го надигра велемајсторот Том Ведберг.

Веднаш по него, повеќекратниот Шампион на Македонија, Филип Панчевски, на шестата табла, со сигурна игра уште во рана фаза на партијата го „отвори противничкиот крал“ и по само 21 потег при големи материјални загуби противникот ја предаде партијата. Следеа сигурни, рутински победи и на Веи Ји и Нарануан С.Л. на втората, односно четвртата табла.

Со победата на Ју Јангји, кинескиот велемајстор кој веќе петти пат ги брани боите на Алкалоид на Европските купови, во топовска завршница на тртетата табла, фармацевтите поведоа со 5:0. Последен својата партија ја заврши српскиот Велемајстор Велимир Ивиќ, и покрај долга борба, во далечна завршница, не успеа да го скрши отпорот на противникот, за конечен резултат 5,5: 0,5.

На овогодинешното издание на највисокото клупско натпреварување во светот, учествуваат рекорден број –  84 екипи во машка конкуренција, а ШК Алкалоид на стартната листа, според просечен рејтинг на играчите 2730, е второрангирана екипа. Конкуренцијата е многу силна, и дури пет екипи се рамноправни фаворити за првите места. Во првото коло не се случија поголеми изненадувања, при што сите фаворити остварија високи победи.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата од Словачка „ŠK K Cero Invest Nitra“, која на стартната листа е 23-то рангирана.

Истовремено се игра и Европски клупски куп во женска конкуренција, на кој играат 18 екипи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе