Ракомет Спорт

Лазаров пред настапот во ЕХФ Купот: Цврсто стоиме на земја, нема да го потцениме противникот

Ракометниот клуб Алкалоид утре од 19 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје го пречекуваат Клаипеда Драгунас во рамки на првиот натпревар од 2.коло во ЕХФ Купот.

Тренерот Кирил Лазаров е претпазлив пред дуелот со литванскиот состав. Иако можеби не се работи за некој атрактивен ривал, се работи за квалитетен тим, кој е предводен од шпански стратег.

„Се наоѓаме пред еден нов предизвик во Европскиот куп. Конкретно, имаме еден ривал кој што можеби е неатрактивен за нас, но е доста опасен. Се работи за незгодна школа, тим кој оваа година е воден од шпански тренер и полека од материјалите се гледа напредокот на Клаипеда. Ако направиме споредба, мислам дека, да не претерам, тие се подобри за 35% и затоа сум доста внимателен во најавите, заедно со мојот тим и со моите играчи, затоа што системот на играње е дома-гости, не е групна фаза и треба да се биде доста претпазливи. Од она што го имаме како информација, се работи за тим кој дава многу голови, над 40 гола во поголемиот дел од натпреварите. Ривалот игра во силен ритам, без разлика на противникот. Ние сме цврсто на земја заедно со играчите, добро се подготвуваме и можам да ветам дека нема да го потцениме противникот. Очекувам квалитетен меч, убав ракомет за око. Испраќам покана до навивачите, да дојдат во салата Автокоманда и да бидат поддршка на овој млад и македонски тим“, изјави Лазаров на денешната прес-конференција. 

Капитенот Игор Ѓорѓиев очекува тимот да ја продолжи добрата форма од домашното првенство и на меѓународната сцена.

„По одличниот старт на сезоната каде имаме седум победи, ни следува натпревар во Европскиот Куп каде имаме за противник екипа од Литванија. Го анализиравме противникот во изминатиот период, ние како екипа имаме искуство во Европската лига од лани, но оваа година ќе играме Европски Куп каде системот е поразличен. Првиот меч ни е дома, играме пред нашата публика, а кога играме дома секогаш сакаме да сме најдобри. Како капитен тврдам дека екипата е спремна, ростерот ни остана ист од лани, збогатен со неколку играчи. Ја повикувам јавноста да ни даде поддршка и се надевам на победа“, истакна Ѓорѓиев. 

Ова е втора сезона на меѓународната сцена за Алкалоид. Лани тимот се натпреваруваше во  групната фаза во Европската лига на ЕХФ, каде и ги освои првите европски бодови против шпанска Ла Риоха (победа и реми). Тимот е поискусен од минатата сезона и е засилен со тројца нови играчи, па целта на Алкалоид е да оди чекор по чекор во третото по ранг европско клупско натпреварување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе