Вести Македонија Топ вести

Автомобил излетал од булеварот „Гоце Делчев“ под Скопско кале

Тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „БМВ“ излета од булеварот „Гоце Делчев“ и се заби во страничниот ѕид покрај пешачката патека крај коловозот, се случи попладнево под Скопското Кале, во близина на плоштадот „Скендербег“.

На местото на несреќата велат дека автомобилот прво изгубил контрола и се качил на пешачката патека над булеварот, по што повторно се излизгал и паднал на коловозот. Возило на итната медицинска помош го пренело возачот на автомобилот, кое излетало и удрило во сообраќаен знак на булеварот „Гоце Делчев“.

Сообраќајната несреќа предизвика метеж во овој дел од градот, бидејќи сообраќајот на булеварот се одвиваше по една лента додека траеше увидот.

Според информациите од МВР, повреден е само возачот на автомобилот.

„На 18.10.2024 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на бул.Гоце Делчев во Скопје во која учествувале патничко возило ‘бе-ем-ве’ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Л. (24) и мопед ‘пиаџо’ управуван од М.С. (19), по што возилото ‘бе-ем-ве’ удрило во столб. Со телесни повреди се здобил Ф.Л.“, се вели во полициското соопштение.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе