Вести Македонија Топ вести

Разрешен судијата од кавадаречкиот суд  Лазар Нанев, дознава Телма

Судскиот совет го разрешил судијата од кавадречкиот суд  Лазар Нанев, дознава Телма од извори во Судски совет.

Иако двете дициплински постапките на негово барање се водеа со присуство на јавноста денеска повторно по негово барање беше исклучена јавноста и членовите на советот зад затворени врати дискутирале и ја донеле ваквата одлука.

За Нанев има две постапки во Судскиот совет за утврдување на негова одговорност.

Едната се однесува на тоа дека додека бил претседател на Основниот суд Кавадарци несовесно и нестручно ја вршел функцијата бидејќи остварил 95 телефонски повици со обвинет во случај кој го водел, а другата дека и го нарушил угледот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според извори на Телма одлуката за разрешување паднала уште на првата постапка.

На седницата на Судскиот Совет во септември беа изнесени низа обвинувања за лична дискредитација, нарушен углед и омаловажување кои меѓусебно си ги разменија претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и судијата Лазар Нанев.

Во центарот на превирањата беше првиот братучед на Дамева, Љупчо Грков, кој се бара со меѓународната потерница.  Дамева побара утврдување на одговорност за Нанев, поради неговиот обвинувања дека Судскиот совет не го заштитил од заканите од нејзиниот братучед и дека таа влијаела на барањето за екстрадиција на Грков и со тоа го нарушил нејзиниот углед и угледот на Судскиот совет.

Дамева го обвини Нанев дека целта на сето ова му е да влијае на другата постапка во Судскиот совет која се води против него за несовесно и нестручно вршење на функцијата, односно остварил 95 телефонски повици со обвинетиот Ванчо Кузманов во случај кој го водел.

Кавга и меѓусебни обвинувања на Дамева и Нанев на седницата на Судски совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе