Останато Спорт

Нов голем успех на македонското карате: Стојановиќ освои бронза на младинското Светско првенство

Македонскиот каратист и член на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ освои бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција, Италија. За нашиот натпреварувач ова е втор медал од младинските мундијали, бидејќи пред две години во Коња освои сребро.

Стојановиќ денеска во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени.

Македонецот многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизираше 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на домашниот натпреварувач поради правилото, „прв освоен поен“. Претходно нашиот каратист имаше три победи по ред на патот до полуфиналето.

За Стојановиќ ова беше втор медал од младинските Светски првенства, бидејќи пред две години освои сребро во Коња, Турција. Тој има и два медали од младинските Европски првенства, злато како јуниор и бронза во младинска конкуренција. Стојановиќ моментално се наоѓа и на првото место на Светската карате ранг-листа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе