Ракомет Спорт

Валур е првиот европски тест за Вардар сезонава

Ракометниот клуб Вардар денеска ја отвора сезоната на меѓународната сцена. Во салата „Јане Сандански“ во Скопје го пречекува Валур во рамки на првото коло од Европската лига на ЕХФ.

Двократниот европски првак минатата сезона не успеа да стигне до групната фаза во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, бидејќи во квалификациската рунда загуби од германски Рајн-Некар Левен. Претходно Вардар беше казнет па не играше ниту во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023, а оваа сезона е официјалното враќање на „црвено-црните“ на меѓународната сцена.

Валур треба да биде добар тест за Вардар на отворањето на сезоната. Исландскиот состав играше во квалификациската рунда и го елиминираше хрватскиот тим Спачва Винковци и тоа само со еден гол повеќе во двомечот. Минатата сезона овој тим го освои третото по ранг клупско натпреварување, ЕХФ Купот откако во финалето беше подобар од Олимпијакос.

Сето ова е знак за претпазливост за „вардарци“, кои во натпреварот ќе влезат доста ослабени поради фактот што украинскиот репрезентативец Дмитро Горига заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените подоголго време.

Сепак тренерот Владо Недановски на располагање има широк ростер и има играчи кои можат достојно да го заменат левиот бек.

Натпреварот помеѓу Вардар и Валур вечерва стартува во 20:45 часот, а во истиот термин се игра и вториот натпревар од Групата Ф помеѓу Порто и Мелсунген.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе