Од 10 до 13 октомври во хотел „Силекс“ во Охрид, во организација на Агенцијата за Вештачење „Експертиза-Д“, ќе се одржи првиот меѓународен Симпозиум за вештачење за незгоди, надомест на штета, како и измами во осигурувањето и превозот, каде на истиот ќе се разменат искуства од земјата и странство во врска со судските спорови и постапките поради (обиди) за осигурителна измама, поврзана со сообраќајни незгоди и при извршување на превозот.
На меѓународниот Симпозиум, кој ќе трае три дена, со свои теми ќе учествуваат повеќе експерти од областа на сообраќајните вештачења (вешти лица, проценители, правници, итн.), од судството, од обвинителството, итн., од Македонија, како и од Србија, Хрватска, Албанија, БиХ и Косово, а на истиот ќе бидат презентирани решенија за некои конкретни случаи на стручни наоди и мислења, судски постапки, измами во осигурувањето и превозот, како и измамите при пријавивање на надоместок на штета.