Вести Култура Магазин Свет

Гола статуа на Трамп од 43 метри е подигната покрај автопатот кон Лас Вегас

Голата статуа на Трамп од 43 метри е подигната покрај автопатот кон Лас Вегас. Статуа на поранешниот претседател, насловена како „Криво и непристојно“, беше подигната на ограден простор блиску до мексиканската граница северно од Лас Вегас, Невада.

Статуата наликува на намуртениот Трамп и има раце прикачени на конци, што им овозможува да се движат наоколу како марионета. Изработен е од метална арматура покриена со пена.

Делото е „храбра изјава за транспарентноста, ранливоста на јавните личности на политичките фигури“, изјавија за медиумот креаторите, кои не се идентификувани.
Креаторите се надеваат дека ќе инспирираат дискусии за „транспарентност – или недостаток – во политиката, предизвикувајќи ги гледачите да размислуваат критички за политичкото влијание“, изјавија во нивното соопштението.

Ова не е првпат Американците да постават голи статуи на кандидатот за претседател Доналд Трамп. Во периодот на претседателските избори во 2016 година, пет голи статуи на Трамп се појавија во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл. Проектот беше наречен „Царот нема топки“ од креаторите “Indecline“, група која себеси се опишува како „активистички уметнички колектив“.

Слично како и самиот Трамп, кој цик-цак ја вртеше земјата за време на кампањите, се очекува проектот да патува и во други градови. Датумите и локациите сè уште не се објавени, соопштија креаторите на статуата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе