Вести Култура

Трето издание на фестивалот РУТА од 15 до 20 октомври

Со изведба на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар Скопје, работена по текст на  Хенрик Ибзен во режија на Васил Христов на 15 октомври свечено ќе биде отворено третото издание на Меѓународниот театарски фестивал РУТА.

Во програмата се предвидени шест фестивалски претстави: хрватскиот театар Улисис и Градски драмски театар Гавела со претставата „Опера за три гроша“ од Бертолд Брехт во режија на Ленка Удовички.

Со претставата „Целосно странци“ по истоимениот филм на Паоло Џеновезе во режија на Лајла Каикчија ќе настапи Камерниот театар 55 од Сараево, Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ во режија на Данило Маруновиќ и Београдско драмско позориште  со претставата „Швејк“ во режија на Вељко Миќуновиќ.

Се надеваме дека со тоа ќе ја збогатиме културната понуда во Македонија. Суштината е дека вмрежувањето на овие театри веќе носи серизни плодови во однос на размена на идеи, во однос на размена на естетики и не сме веќе отцепени од светот и имаме некаков увид и имаме барем увид во она што се случува во нашето најблиско опкружување, рече директорот на драмски театар скопје, роберт вељановски.

За затворањето на фестивалот РУТА на 20 октомври ќе биде изведена претставата „Иднина “ во копродукција на  Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште во режија на словенечкиот режисер Жига Дивјак.

Денес почнува продажбата на билетите и предвидени се неколку пакети  во однос на нивната цена. Годинава се воведува и нов пакет со попуст од 50 % за студентите. И оваа година медиумски покровител е Телевизија Телма.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе