Вести Култура Македонија

Почнува Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка

Со претставата „Љубовна терапија” на Народен театар при НУЦК „Трајко Прокопиев”, вечерва почнува 16 тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во  Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

Организаторот е Општина Крива Паланка, од каде најавија атрактивни театарски претстави од реномирани театри од земјава и Балканот. Фестивалот ќе трае до 5 октомври 2024, а „Градот на културата” во периодот на одржување ќе биде отворена сцена за врвни актери од државата и регионот.

Лауреат на годинешното издание е познатиот македонски актер Никола Ристановски, а изминатата деценија и пол на одржување на фестивалот се врамени во монографијата на Гоце Ристовски, „Со театар до Балкан без граници”, ќе бидат претставени пред публиката на свечена академија на 30 септември.

На „штиците што живот значат” во НУЦК Крива Паланка ќе настапат повеќе македонски театри – МНТ, Драмски театар, Скопје, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театри од соседните земји –  ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија, Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија, кои ќе настапат со најновите и најатрактивни театарски претстави.

Дизајнот на плакатите и визуелниот идентитет на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” Крива Паланка од почетокот до денес му е доверен на кривопаланечкиот графички дизајнер и хералдичар, Стојанче Величковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе