Вести Магазин

Лондонска фирма произведува чанти од пиво

На јужната страна на реката Темза се наоѓа лондонската пивска улица Бермондси исполнета со пиварници и занаетчиски пивски барови. Инспирирани од големото производство и консумација на пиво на оваа улица, двајца претпримачи во 2022 година дошле до идеја да создадат алтернативна кожа од остатоците при производството на пиво која би се користела за изработка на чанти.

Брет Котен и Едвард Мичел основачи на „Arda Biomaterials“ започнаа да произведуваат алтернативна кожа за чанти. Двајцата вегетаријанци со познавање на биотехнологијата и супрамолекуларната хемија го препознале потенцијалот на потрошеното зрно јачмен при производството на пиво, па започнале со прототипи, за да на крај успеат да создат алтернатива на кожа што не е од животинско потекло.

Со 15 пиварници на улицата Бермондси повеќе од има повеќе од 1000 тони отпад секоја година. Инспирани од големи остатоци од јачмен, дошле до идејата дека може истите да се искористат во лабораториски процеси од кои како продукт ќе се добие алтернативна кожа.

Според основачите, процесот е сложен и бара најпрвин да се оделат протеинитe од остатоците жито, а понатаму да се сврзе со природен хемиски процес кој ќе формира листови. Нивниот прв примерок не бил успешен, но по стотици повторувања подоцна создадале еластичен материјал сличен на кожа. На почеток на правење на кожата немале соодветна опрема, но сега нивната лабораторија содржи специфични алатки со цел да се произведе „пивската“ кожа.

Во зависност од зрното, материјалот добива различна боја, темното пиво најчесто се користи за производство на темна кожа, додека светлото за посветлите нијанси.

Еден од основачите Брет Котен, истакна дека глобаланта побарувачка на кожа може да се задоволи, ако се започне со алтернативно производство на кожа. Од уништување на шумите до употреба на вода и хемиско загадување, производството на кожа е  многу штетно за животната средина, што претставува ризик за дивиот свет и создава огромни количини отпад со што се зголемуваат стакленичките гасови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе