Вести Магазин

Фоката Шеба во Англија го слави својот 50ти роденден

Фоката Шеба го слави својот 50 ти роденден,  што не е воообичаено за фоките кои живеаат во дивина, но и оние во засолниште.

„Стигнувањето до 50 годишна  возраст е огромна пресвртница, не само за Шеба, туку и за сите овде што биле дел од нејзиниот живот“, рече Тамара Купер, кустос во објектот за згрижување во југозападна Англија.

Фоката Шеба пред да биде засолнета била спасена од локални луѓе поради повреда на главата која тогаш ја имала. Закрепнувањето на Шеба ги поттикнала локалните спасувачи во селото Гвик да продолжат со акцијата и да достигнат бројка од згрижени 70 младенчиња на фоки годишно.

Состојбата на Шеба, вклучително и губењето на нејзиниот вид поради староста, го спречи нејзиното враќање во морето. Долговечноста на Шеба се припишува на грижата што ја доби од локалната згрижувачка служба.

Фоките обично преживуваат 25 до 30 години во дивината, додека женките кои се згрижени може да живеат дури и до 40 години, а мажите да достигнат 30 години животен век. /Женките во заробеништво можат да живеат до 40 години, додека мажјаците околу 30. Спук, 45 годипната машка сива фока родена во Њујоршкиот аквариум во 1965 година, се веруваше дека е најстарата згрижена фока, но Шеба го презема неговото место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе