Останато Спорт

Изненадување на „Вембли“: Дубуа го нокаутираше Џошуа (ВИДЕО)

Даниел Дубуа го нокаутираше Ентони Џошуа и ја задржа светската титула во ИБФ во тешка категорија во бокс. На спектаклот пред 96.000 гледачи на „Вембли“, аутсајдерот го изненади фаворитот.

Дубуа доминираше во текот на целата борба и пред нокаутот го испрати Џошуа на подот неколку пати. Нокаутот дојде во 5.рунда од мечот, а поранешниот унифициран светски шампион не можеше да стане од подот.

За младиот 27-годишен боксер ова беше 22.победа во кариерата од кои 21-ва со нокаут. Досега има два порази и тоа од Олександр Усик и од Џо Џојс. За Џошуа, кој полека го губи елитниот статус, ова беше четврти пораз во кариерата по двата од Усик и Енди Руиз. Останува на 28 победи од кои 25 со нокаут.

Во договорот за борбата, Џошуа има опција за реванш против Дубуа, што најверојатно ќе ја искористи за повторно да се сретне во рингот со помладиот ривал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе