Останато Спорт

Бастијанини во последниот круг го претекна Мартин за победа во Мизано

Енеа Бастијанини триумфираше на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Мото ГП шампионатот и тоа пред лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин, додека бранителот на титулата Франческо Бањаја не ја заврши трката.

Бастијанини во Мизано дојде до драматична победа и тоа во последниот круг откако успеа да го победи Мартин во директен дуел со мал контакт. За Италијанецот ова беше седми триумф во кариерата во Мото ГП, а на фабричкиот тим на Дукати му ја донесе јубилејната 100-та победа во историјата. Актуелниот светски шампион Бањаја излета од патеката на седум круга до крајот додека беше на 3.место, па на подиумот на крајот се искачи Марк Маркез.

Во поени влегоа и Марко Бецеки, Франко Морбидели, Маверик Вињалес, Фабио Квартараро, Алеиш Еспаргаро и Алекс Маркез.

Во генералниот поредок Мартин сега има 341 бод на првото место и ја зголеми предноста пред Бањаја, кој има 24 бодови помалку. Бастијанини е трет во поредокот со 282 бода, а Марк Маркез има само еден бод помалку.

Следната, 15-та сезонска трка се вози за Големата награда на Индонезија идниот викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе