Вести Македонија Топ вести

Кавга и меѓусебни обвинувања на Дамева и Нанев на седницата на Судски совет

Низа обвинувања за лична дискредитација, нарушен углед и омаловажување  меѓусебно денеска си разменија претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и судијата Лазар Нанев. Во центарот на превирањата првиот братучед на Дамева, Љупчо Грков, кој се бара со меѓународната потерница.  Дамева побара утврдување на одговорност за Нанев, поради неговиот обвинувања дека Судскиот совет не го заштитил од заканите од нејзиниот братучед и дека таа влијаела на барањето за екстрадиција на Грков и со тоа го нарушил нејзиниот углед и угледот на Судскиот совет.

Дамева посочи дека е неспорен факт оти Грков е нејзин роднина, но таа поради неговото однесување не е во комуникација со него од 2017 година и дека Нанев заштита требало да бара од надлежните институции.

Нанев изјави дека неколку години Грков му се заканувал со убиство, а не било поштедено ниту неговото семејство. Грков, кој е во Лондон е осуден на затвор од 1 година за загрозување на сигурноста на Нанев.

Во еден момент на денешната расправа атмосферата се вжешти кога Дамева реагираше дека Нанев премногу гласно зборува и ја плаши.

Дамева го обвини Нанев дека целта на сето ова му е да влијае на другата постапка во Судскиот совет која се води против него за несовесно и нестручно вршење на функцијата, односно остварил 95 телефонски повици со обвинетиот Ванчо Кузманов во случај кој го водел.

Нанев се правдаше дека кога се случиле телефонските повици со Кузманов тој бил осомничен. Причината за утврдувањето на одговорноста од страна на Дамева, според него, е со цел тој да не напредува во службата.

Нанев во меѓувреме го ослободил Кузманов од обвинението за недозволено пренесување на акцизно добро.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе