Наутро посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен (над 70 км/час).
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максималната од 16 до 23°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
6 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Маврови Анови, 9 Крушево, 11 Претор, 12 Берово, 13 Крива Паланка, Охрид, Дебар, 14 Виница, Прилеп, Битола, Куманово, Скопје-Петровец, 15 Тетово, Скопје-Зајчев Рид, 16 Струмица, Кавадарци, Штип, Демир Капија, 17 Гевгелија, 18 Велес.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
13 Лазарополе, 12 Струмица, Охрид, 10 Дебар, 9 Крушево, Маврови Анови, 8 Претор, 7 Прилеп, Виница, 6 Штип, Берово, 5 Тетово, 4 Тополчани, 2 Попова Шапка, Куманово, Крива Паланка, Демир Капија, 1 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/