Вести Македонија

Кузеска: Дипломатски дебакл и понижување на државата при посетата на македонската делегација во Софија

Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа истакна дека надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска е импровизација и наивност.

Според Кузеска, Сиљановска и министрите  во Софија биле пречекани како претставници на локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија.

-Гордата Гордана се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам, рече Кузеска.

Оцени дека Сиљановска од Софија  се враќа без никаква конкретна порака или договор и прапа која држава ја претставувала претседателката во Бугарија и со кои симболи.

Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, оцени таа, се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска.

На новинарско прашање за заемот од Унгарија, Кузеска наведе дека „вчерашните информации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески“.

– Го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова? Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес. Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, рече Кузеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе