Бројот на загинати во пожарот во интернет во Кенија се искачи на 21, десетици ученици и натаму се водат како исчезнати, а над 10 се хоспотализирани со тешки изгореници. Пожарот што избувна во четвртокот, уништи студентски дом во близина на Најроби во кој беа сместени 156 момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 14 години.
Претседателот Вилијам Руто прогласи тридневна жалост во Кенија додека полицијата сè уште ги истражува причините за пожарот.
Пожарите се релативно честа појава во интернатите во Кенија. Десет девојчиња загинаа во 2017 година во подметнат пожар во женска гимназија во Најроби. Најсмртоносниот се случи пред 20 години и во него загинаа најмалку 67 ученици.
Ужас во Кенија – најмалку 17 загинати ученици во подметнат пожар во училиште