Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максималната од 25 до 33°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
10 Лазарополе, 11 Берово, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Дебар, 16 Крушево, 17 Скопје-Петровец, Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Велес, 19 Кавадарци, 20 Демир Капија, 21 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
5 Дебар, 2 Лазарополе, 1 Берово.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/