Вести Свет

Писториус: Германија ќе обезбеди уште дванаесет мобилни хаубици за Украина

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, објави дека неговата земја ќе и обезбеди на Украина уште 12 мобилни хаубици – шест од нив оваа година, а другите шест следната.

Хаубиците имаат дострел од повеќе од 30 километри.

Тоа се случува кога украинскиот претседател Володимир Зеленски притискаше за поголема поддршка за оружје за време на состанокот со највисоките воени лидери на Соединетите држави и повеќе од 50 партнерски земји во Германија, бидејќи Вашингтон најави дека ќе обезбеди уште 250 милиони долари безбедносна помош за Киев.

Ова беше прво присуство на Зеленски во базата Рамштајн каде се обрати на групата, а својот јавниот настап го искористи за да нагласи дека, според него, она што е најпотребно сега е САД и Западот да му дозволат да го користи оружјето што го обезбедија за да нападне подлабоко на руска територија.

Ваквото негово барање засега САД не го поддржаа изразувајќи загриженост дека тоа дополнително ќе ја ескалира војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе