Вести Најважни Свет

Најтопло лето досега – просечната глобална температура за 0,69 степени повисока од тримесечниот просек во последните 30 години

Ова лето ги собори глобалните топлотни рекорди, поради што ќе остане запишано како најжешко од кога се бележат податоци. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше за 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави Коперникус, служба за климатски промени на Европска Унија (ЕУ).

„Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега“, изјави заменик-директорката на Коперникус, Саманта Бурџис.

Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни, ако итно не се преземат мерки за намалување на стакленичките гасови.

Просечната температура во Европа во текот на трите летни месеци беше највисока досега, со 1,54 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,34 степени Целзиусови поставен во 2022 година.

Според извештајот на Коперникус, условите биле повлажни од просечните во Западна и Северна Европа. Во поголемиот дел од медитеранскиот регион и во Источна Европа, условите беа посуви од просекот, што доведе до суша на некои места.

За периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот просек, покажуваат податоците на Коперник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе