Вести Свет

Хантер Бајден призна вина за затајување на данок и избегна ново кривично судење

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џо Бајден, призна вина по сите девет точки од федералното обвинение за затајување на данок.

Тој беше обвинет дека не платил 1,4 милиони долари додека истовремено трошел на наркотици, проституција и луксузни работи.

Признавањето на вина во даночниот предмет беше еден од основните предуслови за избегнување на ново кривично судење, кое би почнало во неделите пред претседателските избори во САД во ноември.

Изненадувачката одлука на Хантер Бајден доаѓа по три месеци од пресудата во американската сојузна држава Делавер за незаконско купување на оружје.

Во соопштението по рочиштето, Бајден наведе дека се изјаснил виновен за да ги поштеди родителите од непријатни детали од делови од неговиот приватен живот.

Случајот го покрена Министерството за правда. Во него, Хантер Бајден беше обвинет за шема за избегнување на плаќање данок од најмалку 1,4 милиони долари.

Тој веќе се соочуваше со можност за затворска казна по неговото осудување во јуни по обвинението за оружје.

Изрекувањето на пресудата за тој случај е закажана на 13 ноември. Под закана е на 25 години затвор, иако веројатно ќе добие многу помала, па дури и да избегне престој зад решетки.

Ова, се чини, е последниот пресврт во долгогодишната правна сага за синот на претседателот. Хантер Бајден требаше да ги избегне судењата во двата случаја според договорот со обвинителите од минатата година доколку признае вина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе