26 годишна Американска активистика за човекови права која присуствувала на про палестински демонстрации против проширување на израелски населби на западниот брег била убиена откако, според палестинските медиуми, израелски војници отвориле оган врз толпата.
Израелската војска соопшти дека го разгледува извештајот, а Американската амбасада се уште не дала коментар.
Фуад Нафа, директор на болницата Рафидија во Наблус, изјави за Ројтерс дека 26-годишната жена, по име Ајсенур Езги Ејг била донесена кај нив во многу критична состојба, со сериозна повреда на главата.
„Се обидовме да ја реанимираме, но за жал таа почина“, изјави тој.
Ова е втор случај да американски државјанин биде застрелан од страна на израелските сили.
Пред еден месец, на пропалестинските протести американскиот државјанин и активист Амадо Сисон беше застрелан во ногата од страна на израелските сили.