Вести Временска прогноза

Променливо облачно, кон крајот на денот нестабилно – Временска прогноза за 6.9.2024

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максималната од 27 до 34°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Лазарополе, Берово, 12 Маврови Анови, 14 Битола, Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово, Прилеп, 15 Охрид, Крушево, Струмица, 16 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 17 Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, 18 Кавадарци, Виница, Штип.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе