Вести Свет

Полскиот министер за одбрана изненаден од оставката на Кулеба

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошинјак-Камиш изјави дека одлуката на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба да поднесе оставка била изненадување за него.

Тој истакна дека не знае што стои зад оставката на украинскиот шеф на дипломатијата, но претпоставува дека овој потег можеби се должи на акумулираната замореност.

„Со сигурност времето кое помина од почетокот на војната, прави човечката замореност да зема свој данок. Гледајќи ја украинската делегација за време на самитот на НАТО, тоа беше голем напор“, рече шефот на полското Министерство за одбрана.

Дмитро Кулеба беше на чело на украинската дипломатија од 2020 година. За тоа време тој оствари бројни дипломатски посети во Полска, од кои последната беше кон крајот на август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе