Вести Свет

Љубовен скандал во италијанското Министерство за култура

Џенаро Санџулијано, италијанскиот министер за култура, во интервју за РАИ призна дека се обидел да ја вработи својата љубовница Марија Розарија Бочија во својот тим.

Тој со солзи во очите призна што се обидел да направи и откри дека ѝ ја понудил својата оставка на премиерката Џорџа Мелони, но таа ја одбила.

Скандалот изби кога Бочија, инфлуенсерка со повеќе од 60 илјади следачи на Инстаграм, објави дека станала советничка на министерот за култура.

Министерството веднаш го негираше ова, но таа потоа објави фотографии и видеа од службени патувања.

Министерот, кој е во брак, призна дека ѝ понудил работа на Бочија, но подоцна ја повлекол понудата по совет дека би можело да настане судир на интереси поради нивната „лична, сентиментална“ врска.

Тој низ солзи ѝ се извини на својата сопруга, но и на премиерката Мелони за срамот што го предизвикал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе