Вести Македонија Најважни

Мицкоски за интерпелацијата за Гаши: Глупаво и незрело однесување на СДСМ, ДУИ и Левица

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи иницијативата за интерпелација на собранискиот спикер, Африм Гаши, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што додаде тој, од партијата имале голем број аргументи за донесување на таквиот став. Иницијативата ја нарече глупава и незрела.

  • Ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши и ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива и имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме, рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека бидејќи институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување, интерпелацијата на Гаши треба да се поддржи од пратенците.

  • Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи. Не само ние, институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, дозволете ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став, одговори денеска на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше на почетокот на новата учебна година во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мнозинството Бугари против воведувањето на еврото

Дејан Дејан

Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение

Дејан Дејан

Шесткатница дивоградба во Чаир, ОЈО поведе истрага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе