Првиот септемвриски ден носи делумно стабилизирање на временската состојба. Ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19°C, а максималната од 27 до 34°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
11 Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Берово, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Претор, Битола, Охрид, Тетово, Прилеп, 16 Куманово, Скопје-Петровец, 17 Кавадарци, Струмица, Штип, 18 Скопје-Зајчев рид, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 20 Велес.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
10 Крушево, 8 Маврови Анови, 4 Попова Шапка, Тетово, 3 Битола, 1 Штип, Охрид, Крива Паланка.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/