Вести Економија

УЈП заврши со надградба на системите – е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ нормално функционираат

Системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ функционираат нормално, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

„Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што ги започнавме вчера по 16:30 часот, успешно се завршени и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи“, се вели во соопштението на УЈП.

Управата за јавни приходи во вторникот најави дека ќе спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.

„Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ“, најавија од УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе