Кошарка Спорт

Селекторот на златните кошаркари обвинува: Бевме домаќини на ЕП, а јадевме скапана храна и спиевме во најлош хотел

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ова лето беше вистински хит откако го освои Европското првенство Б-дивизија што се одржуваше во Скопје и тоа со максимални 8 победи.

Златниот медал и пласманот во А-дивизијата беа остварени во тешки услови и по трнлив пат иако Македонија и Кошаркарската федерација беа организатори на турнирот.

Селекторот на оваа златна генерација, Горан Аднреевски во интерјву за порталот СПОРТ1.МК укажува за ужасните услови на тимот пред Европското првенство и за време на турнирот. Тој исто така упати и низа обвинувања кон нашата кошаркарска федерација за третманот на овие неверојатно талентирани кошаркари.

„Не ми е јасно зошто иако како домаќини можевме да избираме, цело време трениравме и најголемиот дел од средбите ги игравме во Кале, каде што климата не постигнуваше и беше ‘милион степени’ што дополнително ги исцрпуваше кошаркарите. За разлика од ‘Борис Трајковски’, која беше целосно климатизирана и каде што ќе имавме врвни услови. Но, некој како да сакал да немаме добри услови и дека треба да се потиме во пеколот. А, можевме да бираме и место и термин кога ќе играме. Истото се однесува и за хотелот во кој бевме сместени за време од првенството – од трите понудени некој ја смести Македонија во убедливо најлошиот. А организатори беа луѓето од КФМ. Зошто тоа беше така – не знам“, вели Андреевски. 

„Уште не ми е јасно зошто нѐ сместија во најлошиот хотел, каде што храната беше ужасна. На мојата реакција до КФМ ми рекоа да не се грижам и дека сѐ ќе се среди, ама остана само на празни зборови. Тоа што најважно за млади момчиња во тренажен процес, како месо, зеленчук и овошје, како и да го немаше. Слободно тврдам дека нашите кошаркари за зеленчук и овошје ги добиваа скапаниците, да не кажам ѓубрето што останува на пазарите на крај од работниот ден“, додава селекторот.

Целосниот текст можете да го прочитате на СПОРТ1.МК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе