Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максималната од 25 до 33°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Охрид, Крушево, Крива Паланка, 15 Битола, Претор, 16 Тетово, Прилеп, 17 Демир Капија, Скопје-Петровец, 18 Струмица, Куманово, Штип, 19 Виница, Кавадарци, Велес, Скопје-Зајчев Рид, 20 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
32 Крушево, 8 Дебар, Маврови Анови, Тополчани, Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид, Лазарополе, Претор.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 25.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/