Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20°C, а максималната од 29 до 36°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
10 Берово, Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Битола, Претор, Попова Шапка, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Тетово, Охрид, 15 Демир Капија, Прилеп, Дебар, 16 Куманово, Штип, Велес, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, 19 Виница, 20 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Пожар, 2 Струмица, 1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, Тетово, Ѓуриште.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/