Вести Култура

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ на СВП 2024: Поезијата мора да биде дел од нашите животи

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, вечерва, завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

„Сигурен сум дека поезијата е од суштинско значење за сите луѓе, не само за оние кои ја создаваат или проучуваат. Поезијата мора да биде дел од нашите животи и самиот свет ќе биде подобро место за живеење доколку таа е постојано во нашите срца и во нашиот ум“, изјави Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе