Вести Временска прогноза

Претежно сончево и топло, попладне со услови за локална нестабилност – Временска прогноза за 26.8.2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максималната од 29 до 37°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.

Агропрогноза:

Од агрометеоролошки аспект, појавата на врнежи од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата и ја надополнуваат влагата во почвата, која е потребна во овој период од годината за сите земјоделските култури. Од сите групи култури, во оваа фаза на развој, потребата за вода е најнеопходна кај градинарските култури каде плодот кај повеќето има висока содржина на вода ( над 90%), и најчесто квалитетот е поврзан со содржината на вода. Овие култури имат поплиток коренов систем и послаба шмукателна моќ поради што барат почесто вода. Краставиците образуваат голема лисна маса, а квалитетните плодови содржат висок процент на вода, доколку има недостиг на вода приносот и квалитетот многу се намалува , и плодовите се со горчлив вкус. И кај останатите култури обезбеденоста со вода е неопходно за нормален раст и развој. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, и да се продолжи грижата и примена на сите потребни агротехнички мерки.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

11 Берово, 14 Битола, 15 Крива Паланка, 16 Тетово, 17 Скопје-Петровец, Куманово, Охрид, Претор, 18 Прилеп, Демир Капија, 19 Штип, Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе