Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23°C, а максималната од 31 до 38°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.
Агропрогноза:
Од агрометеоролошки аспект, појавата на врнежи од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата и ја надополнуваат влагата во почвата, која е потребна во овој период од годината за сите земјоделските култури. Од сите групи култури, во оваа фаза на развој, потребата за вода е најнеопходна кај градинарските култури каде плодот кај повеќето има висока содржина на вода ( над 90%), и најчесто квалитетот е поврзан со содржината на вода. Овие култури имат поплиток коренов систем и послаба шмукателна моќ поради што барат почесто вода. Краставиците образуваат голема лисна маса, а квалитетните плодови содржат висок процент на вода, доколку има недостиг на вода приносот и квалитетот многу се намалува , и плодовите се со горчлив вкус. И кај останатите култури обезбеденоста со вода е неопходно за нормален раст и развој. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, и да се продолжи грижата и примена на сите потребни агротехнички мерки.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
10 Берово, 12 Лазарополе, 14 Маврови Анови, 14 Крива Паланка, 15 Битола, Струмица, Тетово, 16 Скопје-Петровец, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка, 17 Охрид, Претор, Куманово, Штип, 18 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Гевгелија, 20 Крушево, Виница.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/