Претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максималната од 32 до 39°C.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
11 Лазарополе, 12 Берово, 13 Попова Шапка, Маврови Анови, 14 Крива Паланка, 16 Дебар, Крушево, Тетово, 17 Охрид, Претор, Прилеп, 18 Куманово, Скопје-Петровец, Струмица, Штип, 19 Виница, 20 Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 21 Велес, 22 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Пожар (Радовишко).
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/