Вести Македонија Најважни

Две лица уапсени за убиството кај „Мавровка“, се трага по третиот осомничен

Две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое починало на местото.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.

Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.

На подрачјето на општина Чаир, појаснуваат, е забележено патничко возило кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.

Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението од МВР.

Во периодот што следува, како што дополнуваат од МВР, во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.

На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР. Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Убиство во Мавровка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Најмалку 27 палестинци – цивили убиени од Израелските сили во близина на пункт за хуманитарна помош во Газа

Дејан Дејан

Велика Британија размислува за правни мерки против Абрамович поради замрзнатите средства од продажбата на „Челси“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе